Под покровителство на градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица, синоќа, се одржа изборот на најдобрите спортски екипи и спортисти на Струмица за 2015 година. Оваа традиционална спортска манифестација се одржа во соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица, а во техничка организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица. На изборот присуствуваше градоначалникот Зоран Заев, претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот, поголем број спортисти, спортски работници и почитувачи на спортот. За најдобар спортист беше прогласен Ристе Пандев најдобриот атлетичар на Македонија и учесник на европското и светското првенство во атлетика. За најдобра млада спортска екипа беше прогласена екипата на одбојкарскиот клуб „Струмица“, најдобар спортист во млади категории е Јани Атанасов од фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ и во оваа категорија за најдобар тренер беше прогласен Зоран јанков од одбојкарскиот клуб „Македонија Макс“. Во сениорска конкуренција, за најдобар тренер беше прогласен Кире Ричлиев од одбојкарскиот клуб „Струмица“, најуспешна спортска екипа е одбојкарскиот клуб „Струмица“.