Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“ имплементиран во партнерство со општина Струмица, објавува повик за учесници на обука за претставници од граѓански организации на тема
„Мониторинг на акциски планови“. Обуката има за цел да им понуди на претставниците на граѓанските организации алатки за мониторинг на имплементацијата на локалните стратегии и акциски планови за образование, млади, социјална заштита и соработка со невладиниот сектор во општина Струмица.