Екипата на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица е победникот на меѓуопштинскиот натпревар во кошарка кој заврши денеска, а на кој учествуваа седум основни училишта од Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.
Второто место го освои екипата на основното општинско училиште „Никола Вапцаров“, а третото екипата на ООУ „Сандо Масев“.Победничката екипа ќе го претставува регионот Струмица на зонските и регионалните натпревари во кошарка. Целта на овие натпревари е развивање на спортскиот и натпреварувачкиот дух кај учениците во основното образование.