Секцијата за природни науки при основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Муртино аплицираше за реализација на програмски активности во согласност со критериумите од објавениот повик и по одобрувањето ја организира активноста „Станете експерт“. Ученици во мешан етнички состав, организирани во шест групи, реализираа едночасовна програма, а на која присуствуваа претставници од општинската администрација, родители и членови на Советот на општина Струмица.
Во интерактивна атмосфера, со презентери на македонски и турски јазик, учениците споделија искуства за начинот на обезбедување податоци, креираа презентации за градбата и функцијата на одредени човечки органи, одговараа на поставени прашања од присутните и меѓусебно соработуваа.Оваа програмска активност е во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), а поддржан од страна на Детската фондација Песталоци, за учебната 2015/2016 година кој предвиде да поддржи реализација на активности во една постоечка секција во рамките на училиштата вклучени во проектот.Општина Струмица како партнер во овој проект преку ООУ „Маршал Тито“ од Муртино е вклучена уште од почетокот и целосно ги поддржува активностите кои се реализираат според донесените програмски документи, особено во областа на интеркултурната размена и меѓуетничката соработка со ученици и наставници од други држави.