Општина Струмица ја започнува процедурата за распределба на финансиски средства по проекти и програми на здруженија на граѓани и фондации на територијата на општина Струмица за 2016 година.
Како транспарентна и отчетна пред своите граѓани, општина Струмица, преку Одделението за локален економски развој, а со поддршка на Центарот на заединцата, на 29.02.2016 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот во малата сала (поранешна сала на Совет на општина Струмица) во Дом на АРМ Струмица организира инфо-ден за доделување на финансиска поддршка на програми и проекти на здруженија и фондации од буџетот на општина Струмица. Целта на инфо-денот е општина Струмица на транспарентен начин да ја доближи Методологијата за доделување на грантови за 2016 година, усвоена од Советот на општина Струмица, заради појаснување на правилата и критериумите за доделувањето на финасиска поддршка на проекти и програми за здруженија и фондации на територија на општина Струмица. Јавните повици за распределба на средства планирани од Буџетот на Општината за 2016 година од ставките „G1 – Трансфер до НВО“ и „V2 – Социјална заштита – Трансфер до НВО“, кои се наменети за поддршка на проекти и програми на здруженија и фондации, ќе бидат објавен и идната недела од страна на Градоначалникот, преку Одделението за ЛЕР, на веб страницата на Општината и во средствата за јавно информирање . На средбата ќе бидат избрани член и заменик-член од претставниците на здруженија и фондации во Комисијата за јавни повици, која ќе ги разгледува апликациите за предлог проектите/програмите на здруженијата и фондациите и која ќе ги избира проектите/програмите кои се предложени.