Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во континуитет ја потврдуваат својата грижа за јавните површини во градот. Деновиве, нов лик доби улицата „Браќа Миладинови“ кај пазарот „Чешел“, односно, делот пред градинката кој многу често беше узурпиран од уличните продавачи.
Таму се засадени 10 туи од сортата смарагд и 10 брези. Освен на оваа, се работи и на други локации. Според Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“ досега на дрворедите во градот се засадени 106 садници од бреза и липа, а планирано е засадување на уште 200 до крајот на идниот месец.