Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица и годинава ја продолжуваат континуираната поддршка на спортот. Откако членовите на Советот на Општината ја усвоија предлог – методологијата за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства, објавен е Јавниот повик до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот и за тренери во спортските клубови за финансиска поддршка од буџетот на општина Струмица за 2016 година.
Според Ристо Секулов, советник за спорт во општина Струмица и двата повика се отворени до 7-ми март, а целата документација за аплицирање може да се најде на општинската веб страница www.strumica.gov.mkПреку овие јавни повици, општина Струмица продолжува со помагањето на спортските клубови, здруженија на граѓани, спортисти кои настапуваат во Република Македонија и на меѓународни натпревари и се надевам дека како и во минатите години, така и оваа и во наредните години, нашите спортисти, нашите спортски амбасадори ќе носат добри резултати на општина Струмица и на Република Македонија, додаде Секулов.