ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПОРТ

ЈАВЕН ПОВИК

До спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица. Јавниот повик е во рамките на програмата за спорт (L0) за респределба на средства од Буџетот на Општина Струмица за 2016 година.

Право на учество

– Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот.

– Субјектите мора да се формирани и делуваат на територијата на Општина Струмица.

– Kлубовите /спортски здруженија за кои од Советот на општина Струмица е одредена Дотација по Програмата за активностите во областа на спортот и млади во 2016 година немаат право да аплицираат на овој Јавен Повик.

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:

– го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;

– ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.

– ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;

– го организираат и спроведуваат системот на натпревари

– се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри

– се грижат за унапредување на младите категории

– да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.

Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:

– Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);

– Годишна програма за работа за тековната 2016 година;

– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Струмица за минатата 2015 година;

– Формулар за аплицирање (ПРИЈАВА) кој може да се подигне од општина Струмица или од ВЕБ страната на општината www.strumica.gov.mk.

– Прилози, фотографии, награди и др.

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 07.03.2016 година (Понеделник) до 16 часот.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:

Општина Струмица

Ул.„Сандо Масев“ Бр.1

2400,Струмица

или во архива на Општина Струмица

На пликот треба да стои „НЕ ОТВАРАЈ“ со назнака за LО (Спорт)

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.Апликантите кои ќе дадат лажни податоци во формуларот за аплицирање (пријавата) и останатите документи ќе бидат одбиени без право да аплицираат во наредните 2 години. Формулар за попoлнување

ОПШТИНА СТРУМИЦА

ГРАДОНАЧАЛНИК

ЗОРАН ЗАЕВ