ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање годишни програми од областа на „Социјалната заштита“ од Здруженија и Фондации од Општина Струмица за 2016 година, заради финансиска поддршка од Програмата V2, Програма за Социјална Заштита – Трансфер до НВО, од Буџетот на Општина Струмица за 2016 година.
Финансиските средства предвидени во Програмата V2– Програма за Социјална заштита- Трансфер до НВО oд Буџетот на Општина Струмица за 2016 година ќе се доделуваат на Здруженија и Фондации од областа на Социјалната заштита по поднесена годишна програма за работа.
Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои програми се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат активностите од годишнитепрограми.
Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
-корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации;
-корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Струмица;
-остварување на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на РМ,
Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Предложените цели и активности од Годишните програми да кореспондираат со Стратешките – развојни документи на Општина Струмица до 2016 година
– Доделените средства да се користат исклучително за покривање на директните трошоци, односно за реализација на активности предвидени во годишната програма.
Времетраење
Предвидениот период за реализација на активности да бидат 01 април до 31 октомври 2016 год, со евентуално барање за продолжување на истите заради оправдани причини.
Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.
Покрај пријавата за финансиска поддршка, Здружението или фондацијата која треба да биде пополнета /со печатни букви во кирилско писмо/ потпишана од застапникот , заверена со печат и штембил, Здружението или Фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:
1. Пополнета „Пријава“ која може да се симне од веб страницата на Општина Струмица www.strumica.gov.mk
2. Годишна програма за работа за 2016 година
3. Копија од Решението за упис во регистарот на Здруженија и Фондации,
4. Профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти и програми.
5. Извештај за добиените средства од Општината Струмица во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.
6. CV(биографија) на главниот вклучен персонал
7.Електронска верзија на годишната програма за работа за 2016 –ЦД
Проектната документација треба да биде доставена во затворен плик
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 15 дена од објавувањето на јавниот повик во локалните медиуми.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица- Одделение за ЛЕР
ул.„Благој Мучето“ бр.37, ДОМ на АРМ
2400 Струмица
На пликот во горниот лев агол треба да стои „Не отварај“, а во долниот десен агол За јавен повик по Програмата V2, Програма за Социјална Заштита –Трансфер до НВО
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Здруженијата или Фондациите учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од 15 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општината Струмица за 2016 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија и фондации.
Пријава за V2 социјална заштита за 2016год.
Лице за контакт:
Тони Милушев
Раководител на Одделение за ЛЕР/Општина Струмица
Тел:034/340 224.
mail: toni.milusev@strumica.gov.mk
ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
ЗОРАН ЗАЕВ