Во организација на Светска Банка – Австрија, а во рамките на Програмата за урбано партнерство на поддршка на градовите и локалните власти во Југоисточна Европа, во Грац, Австрија, се одржа Симпозиум на градоначалници.
На истиот учествуваа околу 150 претставници од седум земји Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија и тоа градоначалници, финансиски службеници, урбанисти, претставници од невладиниот сектор, НАЛАС и останатите партнери кои допринесоа за успешна имплементација на првата фаза од Програмата за урбано партнерство, но исто така се приклучија и новите градови кои ќе учествуваат во втората фаза од оваа програма почнувајќи од оваа година. Претставниците на општина Струмица учествуваа како ментори во изработката на алатките на новоприклучените општини.Светска банка оваа Програма ја започна во декември 2011 година, а општина Струмица активно учествува уште од самиот почеток па се до денес и продолжува со активностите и во втората фаза, користејќи ги двете алатки во своето работење МФСА – Финансова самопроценка и УА – Арбана ревизија. Целта на првата фаза од Програмата за урбано партнерство од Македонија беше размена на искуствата меѓу општините од поранешна Југославија и Албанија во менаџирање на општинските финансии и урбанизмот. Најпозитивните примери беа објавени во една брошура која ја издаде Светска Банка со профилите на 13 градови од Југоисточна Европа меѓу кои и општина Струмица.Во Грац се одржа и глобална конференција под наслов Урбана Иднина, на која збор зедоа експерти од целиот свет за промените кои во иднина треба да ги направат локалните власти користејќи ги најновите технолошки достигнувања во делот на заштитата на животната средина, енергетската ефикасност и електрониката за да се дојде до „паметни“ градови во кои граѓаните ќе имаат висок степен на квалитетно живеење. Како покровител на двата настана, Светска Банка им овозможи на претставниците од Македонија, вклучително и на претставниците од општина Струмица, активно учество со што се прошируваат можностите за соработка со сите учесници на симпозиумите.