Фондацијата Елена Лука објавува оглас за самохрани мајки за поддршка за започнување на сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот од следните општини: Скопје, Струмица, Велес, Битола, Тетово и Ресен. Избраните кандидатки ќе бидат поддржани со максимален износ од 100.000 денари.
Јавен оглас за самохрани мајки
Заинтересираните самохрани мајки се поканети и охрабрени се пријават на јавниот оглас за добивање на неповратна поддршка во максимален износ од 100.000 денари.
1. Критериуми за аплицирање
. Самохрани мајки кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го унапредат веќе постоечкиот;
. Самохрани мајки со деца на возраст до 26 години;
. Државјани на Република Македонија
2. Опис на поддршката
Поддршката ќе се состои во набавка на техничка опрема, материјали за работа или обезбедување обуки. Краен рок за аплицирање е 31 март 2016.
3. Процедура и рок за аплицирање
За сите прашања или информации за потребните документи за аплицирање на повикот можете да се обратите на долунаведените соработници:
Скопје – Благородна Шопова, 071 207 090, contact@foundationelenaluka.org;
Струмица – Ленче Христова, 075 652 017, 034 611 633, hristovalence@yahoo.com;
Велес – Мирјана Трајкова, 070 645 318, 043 224 259, rksozmveles@yahoo.com;
Битола – Ѕала Бојковска, 070 339 296, semperbt@yahoo.com;
Ресен – Весна Миркова, 071 397 203, vesnamirkova@yahoo.com;
Тетово – Џане Крешова 070 256 879, 044 343 410, info@forumi.org.mk;
Сите податоци вклучени во поднесените документи ќе се сметаат за доверливи.