Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, присуствуваше на концертот под маски на музичкото училиште „Боро Џони“ кој што синоќа се одржа во центарот за култура „Антон Панов“. Меѓу посетителите беа и претседателот на Советот, Јосиф Христов и членови на истиот. Концертот под маски беше дел од богатата програма на годинашното издание на струмичкиот карневал.