Поради одрони на тротоарот на дел од улицата „Спиро Захов“ (куќни броеви од 30 до 34), предизвикани од обилните врнежи од дожд и поради можната опасност од нови одрони, а во интерес на безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, овој дел од улицата ќе биде времено забранет за сообраќај за моторни возила.Забраната ќе трае до завршување на санацијата на оштетениот дел од тротоарот.Се молат граѓаните за разбирање и почитување на забраната.