Со детскиот карневал денеска во чест на Прочка, општина Струмица ја продолжи реализацијата на 25–от традиционален Струмички карневал во организирана форма што завршува во среда со одбележување на празникот Тримери.
Главната вечер на Карневалот, синоќа, се одржа во величествена атмосфера на размена на традиционални и културни вредности од земјава, но и во регионални и светски рамки.Од Струмица излегоа моќни позитивни и мотивирачки пораки дека и различностите имаат заедничка точка во којашто нивната вредност станува уште поголема.Струмица синоќа беше тој центар, благодарение на политиките на пријателства во Македонија, регионот и светот, што 12 година по ред, успешно ги гради градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев.Тие политики на отвореност и подадена рака за соработка што ги практикува и негува градоначалникот и претседател на СДСМ, Заев, синоќа ја исправија Струмица рамо до рамо со достоинствените европски и светски центри и преку еден од најстабилните мостови, културата, ја ставија Македонија во европското и светското семејство, каде што на нашата држава и е одамна местото.На Карневалот во Струмица учествуваа карневалски групи од Македонија, но и од Холандија, Франција, Италија, Турција, Бугарија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Србија, дури и од далечната Аруба.Карневалот го следеа стотици присутни граѓани од цела Македонија, меѓу кои и амбасадори и претставници на десетина дипломатски претставништва во Република Македонија.Ова го цениме како силна поддршка на обединувачките политики на градоначалникот на Струмица Зоран Заев.Благодариме на сите кои со своето присуство секоја година се побројно ја збогатуваат традионална струмичка карневалска манифестација.