По повод Денот напролетта и екологијата во средното општинско училиште „Јане Сандански“ се спроведе акција за чистење на училишната зграда, а членовите на Еко одборот со садење на сезонски цвеќиња го разубавуваа училишниот двор.Со повеќе активности во одбележувањето на Денот на пролетта и екологијата се вклучија и учениците од останатите средни и основни училишта, како и децата од градинката „Детска радост“.