Општина Струмица ќе се вклучи во најголемата волонтерска акција за спас на планетата земја „Часот на планетата земја“ која ќе се спроведе на 19 март (сабота). Акцијата ќе трае еден час од 20,30 до 21,30 со исклучување на осветлувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, а целта е со ова симболично исклучување да се испрати силна порака за спас на планетата и да се поттикне глобалната заедница за споделување можности и предизвици за создавање одржлив свет.Оваа глобално еколошко движење кое годинава се оддржува под мотото „Заблескај светлина на климатските промени“ е поддржано од Обединетите нации и во него се вклучуваат над 170 земји.