На 18-та седница на Советот за развој на Југоисточен плански регион одржана на ден 18.11.2016 година во Валандово, по предлог-Одлуката за утврдување на годишна листа на проекти за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој, од страна на Општина Струмица предложен е Проект за регионален мониторинг на животната средина во Југоисточниот плански регион. Проектот предвидуваше воспоставување на регионална мониторинг мрежа за следење на загадувањето во медиумите почва,
воздух и вода во животната средина во ЈИПР. Предвидени беа мерни станици за воздух во Струмица, Ново Село, Радовиш и Гевгелија, лаборатории за испитување на параметрите на почвата и водата лоцирани во Струмица и Гевгелија, како и План за управување со мониторинг системот во ЈИПР.
Од страна на членовите на Советот (кој го сочинуваат 9 Градоначалници од ДПМНЕ и Градоначалникот на Струмица), предлогот беше одбиен, со образложение дека не е приоритетен и дека тоа е под ингеренција на централната власт преку Министерството за животна средина и просторно планирање.