Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и со сите располжливи ресурси и денеска продолжи со чистењето на улиците и тротоарите во градот. Истовремено упатува апел до граѓаните и тие да се вклучат и да си ги исчистат барем влезовите пред нивните домови. На терен е и Комуналната инспекција за да ги потсети правните лица дека имаат законска обврска да си го исчистат снегот пред деловните објекти, во спротивно, а согласно законот, им следуваат казни.