Општина Струмица и денеска потврди дека се грижи за своите граѓани кога им е најтешко и им е потребна помош. По повикот од Џефа Алиева, жител на населеното место Банско за помош, откако, деновиве останала без затоплување и храна, заменик градоначалникот Костадин Костадинов ја посети во нејзиниот дом и даде пакети со прехранбени производи и електричен панел за затоплување. Алиева беше пресреќна на овој хуман гест од општина Струмица, а заменик градоначалникот Костадинов, рече дека општина Струмица и понатаму ќе им помага на своите граѓани, а упати и апел сите заедно да си помагаме во вакви ситуации.