Општина Струмица согласно своите законски обврски како и согласно своите надлежности, во своето тековно работење, но и при реализација на општински проекти, секогаш го има во предвид остварувањето на принципот на еднаквост и еднакви можности за сите и еднаков третман и забрана на секаков вид дискриминација.
Во 2016 општина Струмица ја изготви Првата локална стратегија за родова еднаквост на општина Струмица во рамките на проектот на UN Women „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“. линк
Целта на Стратегијата е да се зајакнат досегашните напори и постигнувања во областа на еднаквите можности на жените и мажите и креирањето на родово одговорни локални политики во општината.
Во рамките на Законот за еднакви можности на мажите и жените и Стратегијата за унапредување на родовата еднаквост во општина Струмица 2017 – 2020 година, Координаторот за еднакви можности изготви Програма за еднакви можности на општина Струмица за 2017 година. линк
Приоритетни области во локалната заедница на кои ќе се насочат активностите и интензивира работата во 2017 година за воведување на родова рамноправност се:
-Економското засилување на жените во општина Струмица
-Родово одговорно образование
-Еднакво учество на жените во јавниот и политичкиот живот
-Спречување на родово базирано насилство