Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување четириесет и деветата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и деветата седница на Советот на општина Струмица за ден 31.01.2017 година (вторник).
Четириесет и деветата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам:
I
Усвојување на записниците од:
– Четириесет и седмата седница на Советот на општина Струмица; и
– Четириесет и осмата седница на Советот на општина Струмица.
II
Д н е в е н р е д
- Предлог – План за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2017/2018 година;
- Предлог – Одлука за формирање на координативно тело за заштита од дискриминација;
- Предлог – Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2017 година;
- Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за нови вработувања во ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2017 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на 155 лица – вработени на определено време во ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
- Одлука за утврдување на висина на бод за исплата на плата на вработените во ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
- Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување на работни места во ЈП „Паркиралишта Струмица“ Струмица за 2017 година;
- Ценовник на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за одбележување на хоризонталната сигнализација на подрачјето на Општина Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување и избор на претседател на Комисија за мандатни прашања, избори и именувања;
- Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за изработка на Програма за работа на Советот на општина Струмица;
- Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и противпожарна заштита;
- Предлог – Решение за разрешување и избор на членови на Комисијата за здраствена заштита, социјална заштита и заштита на децата;
- Предлог -Решение за разрешување и избор на претседател на Комисијата за култура, образование и спорт;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7899 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7898/1 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 752 КО Банско;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7895/1 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1746/1 КО Дабиља;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 610 КО Баница;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1040/1, 1040/2 КО Просениково;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2573 КО Банско;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 804 КО Градско Балдовци;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7665/1, 7676/2, 7676/3 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 5788/4, 5788/11 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 3/1 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6544, 6533/6 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2681/1 КО Банско; и
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7603, 7609/1 КО Струмица.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Јосиф Христов