Вечерва ќе се одржи втор роденденски концерт на ансамблот „Тримери“

Вечерва пред платото на НУЦК „Антон Панов“ на плоштадот „Гоце Делчев“, голем концерт ќе одржи ансамблот „Тримери“, а по повод 10-годишнината од своето постоење. Покрај настапот на сите категории играорци на „Тримери“ гости на концертот ќе бидат членовите на фолклорниот ансамбл Кочани.