Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов, денеска во својот кабинет, одржа работна средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, претставници на Фудбалската федерација на Македонија, ЕВН,
Секторот за внатрешни работи – Струмица, Секторот за урбанизам и комунални дејности на општина Струмица и концесионерот на стадионот „Младост“, а на кој се разговараше за реконструкција, односно, изградба на нови трибини и дополнително осветлување. На средбата се разговараше и за подготвителните активности за натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Албанија кој што ќе се одржи на петти септември годинава на стадионот „Младост“ во Струмица.