Општина Струмица денеска ја одбележа 73-годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанков – Мучето пред спомен плочата во големиот градски парк. За животот и делото на херојот, зборуваше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.Постојат датуми во нашиот историски споменар кои ни причинуваат гордост, но постојат и такви кои го изразуваат нашиот непребол. Таков е и денешниот ден, ден кога Македонија и Струмица останаа посиромашни за еден великан, каков што беше народниот херој Благој Јанков – Мучето.