Општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ континуирано се потврдува како вистински партнер на граѓаните преку кој се решаваат нивните проблеми. Само во првите шест месеци, односно, во периодот јануари – јуни 2017 година, преку „Систем 48“ биле решени 608 проблеми од вкупно 702 пријавени. Останатите 94 се проследени до надлежните служби бидејќи за нивно решавање било потребно подолго време од времето за решавање преку овој општински сервис. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 420, од областа на собирање смет 94, водовод и канализација 97, паркови и зеленило 78, општински инспекцисли служби 5, улици, патишта и тротоари 6 и контакт оператор 2.Од општинскиот сервис „Систем 48“ има се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и користењето на неговите услуги и истовремено апелираат за навремено пријавување на бесплатниот телефонски број 080014848, за да можат општинските служби во предвидениот рок да интервенираат и да ги решаваат пријавените проблеми.