Синоќа, на големата сцена на НУЦК „Антон Панов“, се одржа завршницата на јубилејниот 25. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. На чинот на затворањето на фестивалот, беа доделени награди во повеќе категории од театарската асоцијација НЕТА, а единствената награда за високо актерско достигнување „Ристо Шишков“ ја понесе Тања Бошковиќ, за улогата на Марија, во претставата „Солзите се во ред“ на театарот „Звездара“ од Белград (Србија). Наградата на новиот лауреат и ја врачи претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов. Во чест на наградените беше изведено кабарето на Раде Марјановиќ од Белград, „Добри стари времиња“. Инаку 25. ФКТ „Ристо Шишков“ се одржа под покровителство на Општина Струмица и Министерството за култура.