Делегацијата од градот Електростаљ од Московската област на Руската федерација, која втор ден престојува во општина Струмица, денеска, оствари средба со вршителот на должноста градоначалник, Костадин Костадинов и неговите соработници. На средбата, домаќините и гостите разговараа за досегашната соработка и нудеа идеи и предлози за нејзино продлабочување и проширување во повеќе области.