Согласно член 32 став 4 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Објавувам дека на 57-та седница на Советот на општина Струмица што се одржа на 27.09.2017 година, на дневен ред беше и Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2017 година. Истиот не беше усвоен од страна на Советот на општина Струмица од причина што при гласањето кварталниот извештај не го доби потребното мнозинство од страна на членовите на Советот на општина Струмица, односно 11 членови на Советот гласаа „за“ и 11 членови гласаа „воздржано“.
Со почит,
Совет на општина Струмица
Претседател, Јосиф Христов