Решение за свикување на педесет и осмата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Решение за свикување на педесет и осмата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам педесет и осмата седница на Советот на општина Струмица за ден 09.10.2017 година ( понеделник).

Педесет и осмата   седница   на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот од 57 седница на Советот на општина Струмица,

II

Дневен ред:

  1. Предлог – Одлука за пренесување на користењето и управувањето со фекалниот канализационен систем во населено место Добрејци;
  2. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7697 и дел од КП бр. 7689/1 КО Струмица;
  3. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 1275 КО Струмица;
  4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2342/1, 2342/21, 2342/23 и 2342/24 КО Муртино вон г.р.;
  5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7899 КО Струмица; и
  6. Извештај  за работењето на ЈПЕД „Струмица гас“ за првото полугодие  од 01. 01 до 30.06. 2017 година.

Совет на општина Струмица

Претседател, Јосиф Христов