Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Решение за свикување на педесет и осмата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам педесет и осмата седница на Советот на општина Струмица за ден 09.10.2017 година ( понеделник).
Педесет и осмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од 57 седница на Советот на општина Струмица,
II
Дневен ред:
- Предлог – Одлука за пренесување на користењето и управувањето со фекалниот канализационен систем во населено место Добрејци;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7697 и дел од КП бр. 7689/1 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 1275 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2342/1, 2342/21, 2342/23 и 2342/24 КО Муртино вон г.р.;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7899 КО Струмица; и
- Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица гас“ за првото полугодие од 01. 01 до 30.06. 2017 година.
Совет на општина Струмица
Претседател, Јосиф Христов