Во организација на SWG RRD и ГИЗ во Подгорица од 11-12.10.2017 се одржува Форум на тема “Одржливо земјоделие и руралниот развој за забрзување на ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан”, која се поканети учесници од земјите на Западен Балкан (МК, СР, ЦГ, АЛ и БиХ), претставници на ресорните министерства, научните институции, и граѓанските организации.
На оваа конференција на покана на Мрежата за рурален развој, учество земаа и локалните координатори и претставници на Иницијативите за формирање на ЛАГ-ови во Југоисточниот плански регион ЛАГ Плачковица, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Беласица-Огражден.
Главни теми на ова конференција се:
– Подобрување на конкуренцијата во руралната економија во склад со структурите на фармерството во земјите од Западен Балкан;
– Надминување на бариерите за слободна трговија со земјоделските производи и продукти во Западен Балкан;
– Руралниот развој и справување со предизвикот на миграцијата од руралните средини;
– Управување со шумите, водите и почвите во рамки на политиките за животна средина и рурален развој;
– Одржлив рурален развој преку LEADER пристапот;
– IPARD како инструмент за одржлив рурален развој во Западен Балкан;
– Rural Policy 3.0 парадигма во Југоисточна Европа.
Конференцијата ја отворија г-дин Милутин Симовиќ, Министер за земјоделие и рурален развој на Република Црна Гора и г-дин Бобан Илиќ, Генерален Секретар на Регионалната работна група за рурален развој (SWG RRD), А свое обраќање во панелските сесиии имаше и г-дин Петар Ѓорѓиевски, Извршен Директор на Мрежата за Рурален Развој на Република Македонија.