Општина Струмица заедно со ЈПКД Комуналец организира Акција за собирање отпад од Електрична и Електронска опрема во периодот од 17 ти Октомври до 17 ти Ноември 2017 год. Се повикуваат сите граѓани на Општина Струмица кои имаат електричен или електронски отпад:
1.Големи домашни апарати
– фрижидер, шпорет, машина за перење, клима уред и др.
2. Мали домашни апарати
-пегла
-правосмукалка
-тостер
-фен
3. Компјутерска опрема
-компјутер
-печатар
-фиксен и мобилен телефон
4.Електронска опрема
-радио
-телевизор
-камера
-видео рекордер
-музички систем
5.Опрема за осветлување
-неонки
-сијалици
-расветни тела
6.Електрични и електронски апарати
-бушалици
-пили
-машина за шиење
7.Електронски играчки и опрема
-видео игри
-справи за вежби
-играчки на батерии
8.Кабли, адаптери – полначи за мобилен телефон.
Истиот да го пријават на тел.бр.034/325-909 и договорат термин за негово бесплатно подигање од страна на ЈПКД Комуналец од нивните домови. Сите заедно да вложиме труд во зачувувањето и заштитата на непосредната околина а во исто време и унапредување за чиста и здрава животна средина.