Директори на училишта од општина Струмица учествуваа на четвртата регионална конференција на директори од југоисточна Европа која што се одржа во Љубљана, Словенија. Конференцијата ја отвори министерката за образование д-р Маја Маковец Бренчич, а директорите имаа прием кај градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанкович. На конференцијата беа разменети искуства и одржани предавања на повеќе теми со единствена цел зголемување на квалитетот во работата на директорите, а со тоа и на воспитно – образовниот процес во училиштата.