Даскаловски: Со „Рамстор“ се потврдува дека Струмица е посакувано место за инвестиции

Денеска во Струмица започна со работа супермаркетот на „Рамстор“. На свеченото отворање присуствуваше и на присутните им се обрати претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски. Ми претставува посебна чест и задоволство што присуствувам на отворањето на оваа вредна инвестиција во нашата општина. Брендот „Рамстор“ од поодамна си го најде своето место на бизнис картата во Македонија.

 ;

Задоволен сум и како претседател на Советот на општина Струмица и како граѓанин, што од денес, овој бренд го имаме и во нашиот град. Оваа инвестиција уште еднаш покажува дека општина Струмица е посакувано место за инвестиции, а тоа истовремено значи и потврда на нашите заложби, секогаш да му помагаме на бизнис секторот и да му овозможуваме услови за успешно работење. Новоотворените работни места уште повеќе ќе ја подобрат економската слика за Општината и ќе го подигнат стандардот на граѓаните. Покрај тоа оваа инвестиција потврдува дека Струмица отсекогаш била и е значаен трговски центар во државата. На сопствениците им посакувам многу успех во работењето и убеден сум дека потрошувачите од нашата општина, но и од поширокиот регион ќе бидат задоволни од понудата, рече Даскаловски.