Во врска со настанатата состојба со загадувањето на воздухот во агломерација на град Струмица, надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (надминување на вредноста од 175 µg/m3, (2 и повеќе последователни дена на 10.01.2020, 11.01.2020) известуваме дека е потребно информирање на граѓаните согласно Акциониот план за подобрување на воздухот со објавување на текстот на овој допис на Web страната на општина Струмица и поставување на постојан линк со Мерната станица во Струмица на http://air.moepp.gov.mk/
Во овој случај на Стабилна Временска состојба и надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3 (2 и повеќе последователни дена на 10.01.2020 -, 11.01.2020 µg/m3) со среднодневни концентрации над 175 µg/m3) градоначалникот на Општина Струмица ги објавува следниве препораки:
– Препораката за ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација и децата ,
– Да се ослободат од работни обврски бремени жени , лицата постари од 60 години , лица со хронична астма , лица со прележан инфаркт или мозочен удар без разлика на возраста .
– Да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот,
– Забрана за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено ,
– Обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош , домашната посета и патронажната служба .
– На градежните компании им се наложува да користат вода за намалување на прашина, односно прскање, миење на гумите на камионите пред градилиштата, а градежните машини да ги пренесат до градилиштата до 7:30 часот .
– Да не се гори пелевина од иверици и други отпадни материјали за користење како огревно средство.
– Социјална помош за лицата кои не можат да обезбедат средства за загревање на домот со цел да се избегне палењето синтетика, пластика, гума и слични токсични материјали за огрев.
– За истата категорија на луѓе на терет на општината да се преземат мерки за чистење на оџаците.
– Забрана за движење низ целото градско подрачје на нерегистрирани возила, во кои спаѓаат возилата кои сечат огревни дрва насекаде во градот.
– Привремена ограничување на емисиите од инсталациите со А и Б интегрирани дозволи и помалите стопански капацитети, а овластениот инспектор да врши зачестени контроли на инсталациите, да се спроведат мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со цел да се утврди дали се применуват пропишаните услови во дозволата по однос на емисии во воздухот.
– Да се зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла .
– Автошколите да ги реализираат обуките во период од 9:30 до 14:30.
– Дотур на стока да се врши до 7:30 часот.
– Поради опасните нивоа на загаденост на воздухот, во случај на повеќе дневно надминување на прагот на алармирање, треба да се воведат итни мерки за ограничување на сообраќајот во градското централно подрачје при што приватниот автомобилски сообраќај да биде забранет во центарот на градот. Забраната да не ги опфаќа јавните автобуси, такси-возилата, итните транспортни возила, брзата медицинска помош и полициските возила.