ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ КОМЕНТАРИ ПО ИЗРАБОТЕНА НАЦРТ ВЕРЗИЈА НА СТРАТЕГИЈА СО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ЗА ПЕРИОД ОД 2023-2027 година

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ КОМЕНТАРИ ПО ИЗРАБОТЕНА НАЦРТ ВЕРЗИЈА НА СТРАТЕГИЈА СО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ЗА ПЕРИОД ОД 2023-2027 година

Комисијата за изработка на нацрт верзијата на Стратегијата за развој на образованието на Општина Струмица од 2023 до 2027 година, на транспарентен и консултативен начин, во претходниот период преку реализирани работни средби, фокус групи, дискусии и дебати со учесници од воспитно-образовните институции, бизнис секторот, невладините организации, Советот на општина Струмица, Градоначалникот на општина Струмица и други заинтересирани страни, подготви текст на нацрт верзија на Стратегија за развој на образованието на Општина Струмица за период од 2023 до 2027 година, со предлог акциски план.
Со цел да се исполни консултативниот процес за запознавање на локалната заедница и пошироката јавност, општина Струмица го објавува овој јавен повик за доставување коментари и предлози од сите заинтересирани страни.

Сите коментари и предлози може да ги доставите најдоцна до 31 март 2023 година, во електронска форма на електронските адреси:

nadica.patrikova@strumica.gov.mk

zoran.uzunov@strumica.gov.mk

Нацрт верзијата и акцискиот план може да ги разгледате на следниот линк:

НАЦРТ Стратегија за образование 2023-2027

ПРЕДЛОГ АКЦИСКИ ПЛАН