По повод 11 Септември, денот на ослободувањето на Струмица, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев положи свежо цвеќе на Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк. Манифестациите по повод 11 Септември продолжија со Планинарски марш по врвиците на Струмичкиот партизански одред и турнири во мал фудбал за учениците од основните и средните училишта.