Советот на општина Струмица ја одржа 56-та седница

На 56-та седница на Советот на општина Струмица, која што се одржа денеска, беше констатиран престанок на мандатот на членот на Советот, Борче Хаџиев, поради неговото именување за в.д директор на Фондот за осигурување на депозити. Советниците дадоа зелено светло и на предлог одлуката за определување места за истакнување изборни плакати за претстојните локални избори, на барањето за прифаќање на поголем број деца во клоновите на градинката „Детска радост“ и донесоа одлуки со кои им се овозможува на граѓаните да ги легализираат бесправно изградените објекти.