Од даноци се остварени вкупно 61.488.576,00 денари, а останатите 12.187.528,00 денари од наплатата на такси. Според информациите од одделението за администрирање на приходи, кај данокот на имот од физички и правни лица реализирана е вкупна наплата од 20.894.543,00 денари или 79,94 проценти. Кај данокот на промет на недвижности остварена е наплата од 37.995.666,00 денари или 100 проценти, а стопроцентна наплата има и кај данокот на наследство и подарок со наплатени 2.598.367,00 денари. Во делот на комуналната такса (фирмарина) остварена е наплата од 9.946.014,00 денари или 56,23 проценти, а 2.241.514,00 денари се наплатени од други видови на такси.