Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Еуро Бизнис Центар Скопје, Ве покануваат на свеченото отварање на меѓународниот саем за производство, трговија и услуги, Струмица Експо што ќе се одржи во спортската сала Парк, на ден 02.11.2006 година (четврток) во 12.00 часот. Саемот ке биде отворен до 04.11.2006 година (сабота) и на истиот ќе се претстават повеќе реномирани фирми од државата и регионот.