Во организација на Регионалниот центар за локален економски развој на струмичкиот микро-регион, вчера во хотел Сириус се одржа бизнис средба меѓу претставници од бизнис секторот од Струмичкиот регион и општините Теарце, Јегуновце, Зајас, Осломеј, Варнешница, Драгово и Пласница, со цел нивно вмрежување и размена на искуства за локален економски развој. Средбата беше подржана од УНДП, а е во рамките на проектот:„Градење на капацитетите на Локалната Самоуправа – Развој на поволна економска средина“. Средбата беше отворена со поздравното обраќање од Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев