Во претстојните денови, се очекува територијата на Република Северна Македонија да биде зафатена со температури од портокалова фаза. Во оваа насока на 169. седница на Влада на Република Северна Македонија, беше донесена препорака за справување со високите температури.
Почитувајќи ја препораката на Министерството за труд и социјална политика и Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението на Министерството за Здравство, Градоначалникот на општина Струмица донесе одлука за ослободување од работа на бремените жени и лицата над возраст од 60 години, вработени во општинската администрација на општина Струмица.
Апелираме до жителите на општина Струмица да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство и да избегнуваат престој на отворено во период од 11:00 до 17:00 часот.
Воедно, ги потсетуваме работодавците на обврската за почитување на законските прописи од областа на заштита на работниците и во овој контекст апелираме да ги прилагодат своите деловни активности согласно донесените заклучоци на седницата на Влада.
Мерките се од времен карактер и ќе траат четири дена, од 13 до 16 јули.