Одлука за спроведување на стратегиска оцена

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

 

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007 , 159/08 , 83/2009 , 48/2010 , 124/10 ,51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14  44/15 , 129/15, 192/15 , 39/16 , 99/18 , Сл.в на РСМ 89/22 , Сл.в на РСМ 89/22 и 171/22 на РСМ ), Општина Струмица, на ден 06.07.2023 година, донесе

 

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

 

  1. За планскиот документ Генерален Урбанистички план на град Струмица  , Општина Струмица со техн. бр. 002-1301/2022 кој го донесува Советот на Општина Струмица согласно Програмата за изработување на урбанистички планови за 2022 година бр. 08-8429/1 од 212.2021 година  потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

 

  1. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струмица на следната веб адреса/и: www.strumica.gov.mk .

 

3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата , содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Генерален Урбанистички план на град Струмица , Општина Струмица може да има влијание врз животната средина . Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијанија врз населението и човековото здравје, влијанија врз социо- економската состојба, влијанија врз квалитет на амбиентниот воздух, влијание врз квалитет на површински и подземни води, влијание врз почва, влијание поврзани со управување со отпад, влијание од бучава, влијание врз флора и фауна, влијание врз предел, влијание врз материјални добра, влијание врз културно и историско наследство, влијание од несреќи и хаварии и прекугранично влијание.

 

4.Против оваа одлука може да се поднесе жалба до министерот за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната

 

Формуларот за SEA за ГУП на град Струмица може да го погледнете на следниот линк

 

                                                                                      ГРАДОНАЧАЛНИК 
                                                                                                           НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
                                                                                                                           Костадин Костадинов