Денес, Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев одржа состанок со осумчлена делегација од Албанија која ја сочинуваа Градоначалници на албански општини, преседатели на совети и директори на регионални центри.
На средбата беа разгледени неколку можности за идна соработка меѓу Општина Струмица и Општина Шкудра од Албанија како и соработка меѓу Југоисточниот плански регион и Центрите за регионален развој во Албанија. Градоначалникот на општина Струмица и Претседател на Југоисточниот плански регион, Зоран Заев изрази надеж дека овие два региони можат да соработуваат во повеќе сегменти во следните неколку години.
Оранизатор на посетата на албанската делегација беше ГТЗ Редем а во склоп на истата, Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион, на претставниците од Албанија им ги пренесе искуствата стекнати преку реализација на три проекти со поддршка од ГТЗ Редем.