На 16 и 17 Ноември во Скопје во хала 1 на Скопски саем се одржа третиот по ред Саем на општини ЗЕЛС ЕКСПО 2007, кој се организира секоја втора година и на кој зедоа учество повеќе македонски општини. Општините на саемот се претставаа со свои штандови на кои посетителите можат да се запознаат со остварените проекти и нивните идни планови.
Општина Струмица имаше штанд со површина од 50 м2 кој беше надворешно уреден во форма на планираната реконструкција на Цареви Кули. Внатрешноста на штандот беше исполнета со два огромни постери на кој беше прикажан новиот лик на централното градско подрачје на Струмица, мини библиотека од Струмички автори, два огромни монитори кои прикажуваа видео кадри од Струмица, а саемот го одбележа и огромниот број на пропаганди материјали за Општина Струмица. Секој посетител на саемот доби репрезентативно – пропаганден материјал од Струмица. Во организираното претставување Општина Струмица се претстави со победничката маска од Струмичкиот Карневал 2007 година, кои беа вистинска атракција за посетителите на саемот.
Штандот на Општина Струмица беше еден од најпосетените штандови и штанд најбогат со пропаганден материјал кој опфаќаше: Брошура за Струмица, Разгледници, Туристички водич, Мултимедијално цд за Струмица, Мапи за Струмица, Теракоти од Струмичкиот карневал, Мултимедијално цд Strumica Economy, Брошури за манастирските комплекси Водоча и Вељуса и друг вид на брошури од културните манифестации кои се организираат во Општина Струмица.
Штандот на Општина Струмица го посетија и Неговата Екселенција, Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере и Амбасадорот на САД во Македонија, Џулијан Милованович.