Во рамки на Дипломатскиот Караван, организиран од Министерството за Надворешни работи на Република Северна Македонија, денес во Струмица беше одржана средба на која, покрај дипломати и претставници од вкупно 23 Амбасади, присуствуваа и високи претставници од МНР и Членови на Бирото за регионален развој.
Реализацијата на овој важен економски настан имаше за цел да ги презентира и промовира економските потенцијали на општините, домашните компании и можностите за инвестирање во Република Северна Македонија.
Во рамки на сесијата презентации, заедно со Југоисточниот плански Регион направиме осврт на потенцијалите кои ги има Општина Струмица, со што ја покажавме нашата долгорочната стратегија која е во корелација со европските и светските трендови.
Градоначалникот на Општина Струмица, г-дин Костадин Костадинов, ги презентираше клучните проекти од доменот на енергетска ефикасност, одржлив развој и екологија:
Електричен Јавен Транспорт
Соларна централа
Струмица – паметен Вело Град
Дополнително, елаборација на бизнис можностите и потенцијалите на Општина Струмица имаше г-дин Ѓоко Ристовски, Раководител на одделение за меѓународна соработка во Општина Струмица, а во рамки на делот за комерцијални субјекти, свои презентации имаа претставници од компаниите “Мамас“ и “Хотел Цар Самуил“ од Струмица.