Општина Струмица
Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен Весник на Р.М.” бр.05/02), се со цел за остварување на целите и имплементација на активностите предвидени со проектот „Субвенционирање за купување на велосипеди“ и согласно Програма за активностите во областа на заштита на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2023 година бр.08.10385/1 од 30.12.2023 година објавена во Службен гласник бр.19/22, Градоначалникот на Општина Струмица, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица
за купување велосипеди во 2023 година
1. Опис на јавниот повик
1.1. Општина Струмица, со цел да ги стимулира жителите на Градот и населените места за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во Република Северна Македонија од 21.03.2023 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик или не подоцна од 28.04.2023 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.
1.2. Средствата што Општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 10.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
1.3. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето.
1.4. Повикот се спроведува по принципот Прв дојден прв услужен.
2. Право на учество на Јавниот повик
1. Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Струмица , кои ќе купат нов велосипед во Република Северна Македонија од 21.03.2023 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик или не подоцна од 28.04.2023 година година и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.
2. Вработените со потесното семејство во Општина Струмица и трите јавни претпријатија ЈПКД Комуналец, Струмица Гас, Стационар Лана и ЈП Паркиралишта немаат право на учество на Јавниот Повик.
3. Лицата кои имаат искористено/добиено парични средства за купување велосипед за 2020, 2021 и 2022 година немаат право на учество.
3. Услови што треба да ги исполни барателот
Барателот треба да ги исполни следниве услови:
• да е жител на Општина Струмица,
• да нема искористено субвенција за купување на велосипед од Општина Струмица
• новиот велосипед да е купен во Република Северна Македонија сметано од 21.03.2023 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик или не подоцна од 28.04.2023 година.
4. Начин на пријавување на Јавниот повик
4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до Општина Струмица треба да достави:
• Пополнување на барањето за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Струмица или да се обезбеди од интернет страницата на Општина Струмица: www.strumica.gov.mk),
• доказ за жителство во Општина Струмица, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,
• фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
• Доказ дека е извршено купување, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод издадена во Република Северна Македонија, со датум од 21.03.2023 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик или не подоцна од 28.04.2023 година.
• Изјава (примерок од изјавата може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од интернет страницата на Општината www.opstinastrumica.gov.mk со која барателот под материјална и кривична одговорност ќе потврди дека досега нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од ниту една друга институција.
4.2. Едно лице/семејство може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед.
4.3. Барањата за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2023 година, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до Општина Струмица, преку Архивата на Општина Струмица, ул. Сандо Масев бр 1, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
4.4. На пликот треба да е наведено “Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2023 година “ со назнака НЕ ОТВАРАЈ.
4.5. Архивата на Општина Струмица примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5. Начин на спроведување на Јавниот повик
5.1. За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2023 година.
5.2. Општина Струмица, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 28.04.2023 година.
5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.
5.4. Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Општина Струмица ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна.
Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата.
6. Начин на остварување на правото на надоместок
(1) Градоначалникот на Општина Струмица врз основа на Предлогот на комисијата носи решение за одобрување на Барањата за субвенционирање на граѓаните на Општина струмица за купување велосипеди.
(2) Комисијата ги известува барателите кои не ги исполниле условите согласно Јавниот повик за одбивање на барањето.
Во прилог документи: