Привршува изградбата на спортското игралиште во IV урбана заедница

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2006 година беше планирана изградба на спортско игралиште во IV Урбана заедница кај поранешниот гарнизон на АРМ. За неколку денови ќе заврши реализацијата на заедничкиот проект на Општина Струмица и IV Урбана заедница, со што оваа урбана заедница ќе располага со современо спортско игралиште. Просторот е уреден со универзален терен за кошарка, ракомет и мал фудбал, трибина, и мало детско игралиште. Теренити ќе бидат оградени а во план е и поставување на рефлектори.