Сервис центарот на граѓаните во VII Урбана заедница, кој Градоначалникот на општина Струмица го отвори кон крајот на минатиот месец, Ви нуди огромен број на административни услуги и тоа барања, уверенија, одобренија, изводи, имотни листови и друг вид на административни услуги за кои што странката немора да потпишува лично. Сервис центарот на граѓаните се наоѓа на ул. “Димитар Влахов” бр37 (до Католичката црква). Истиот е проект на Организацијата на жени – Струмица, финансиски подржан од Општина Струмица.