На неколку улици во градот деновиве беше ставен втор слој асфалт. Се асфалтирани четири краци од улицата „Тимо Тренчев“, дел од улицата „Киро Абрашев“ и крак од улицата „Благој Јанков Мучето“ кај споменикот „Борис Трајковски“ во градскиот парк. Асфалтирана е вкупна површина од околку 3.350 метри квадратни. На локациите каде што се работеше денеска беа градоначалникот Коста Јаневски и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.